КОПЕНХАГЕН ЈА ЗАМЕНИ ВИЕНА КАКО НАЈДОБАР ГРАД ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА СВЕТОТ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Виена веќе не е најдобриот град за живеење на светот.

По три години на врвот на листата на организацијата Економист интелиџенс јунит (ЕИУ), главниот град на Австрија беше победен од Копенхаген. На најновото рангирање Виена е втора, а трет е Цирих.

ЕИУ рангираше 173 градови според бројни фактори, како здравствена заштита, образование, стабилност, инфраструктура и животна средина. Копенхаген освоил совршени оценки за стабилност, образование и инфраструктура.

Виена изгубила многу поени за стабилност, што се должи на некои последни инциденти, како откажаните концерти на Тејлор Свифт поради закана од терористички напад.

„Глобалната погодност за живеење остана непроменета, а како и во 2024, оценките за стабилност се намалија на глобално ниво. Притисокот врз стабилноста доведе до тоа Виена да ја изгуби својата позиција како најпогоден град за живеење“, изјави Барсали Батачарја, заменик-директор во ЕИУ.

Во првите десет уште се Мелбурн, Женева, Сиднеј, Осака, Окленд, Аделаида и Ванкувер, додека на дното е Дамаск, зад Триполи и Дака.