ЛЕТОНЦИТЕ ТВРДАТ ДЕКА ТИЕ ПРВИ НА СВЕТОТ ПОЧНАЛЕ ДА КИТАТ НОВОГОДИШНА ЕЛКА

Рига, (АФП)

На просторот голем колку девет фудбалски терени, на кој денес има над 3.000 тезги, наводно била поставена првата новогодишна елка во историјата. Така тврдат летонските научници, кои велат дека токму во Рига била накитена првата новогодишна елка.

Традицијата наводно почнала на најголемиот пазар во Европа, каде што денес се наоѓаат над 3.000 тезги, што во еден викенд ги обиколуваат и до 100.000 луѓе. УНЕСКО го вклучи ова место во својата листа на светско културно наследство.

Обележјето во Рига на местото на кое што била поставена првата новогодишна елка (Фото: Шатерсток)

Обичајот на китење елкa наводно го почнале локални трговци во 1510 година. Во Рига денес има натпис врежан во камен на осум јазици, со кој е обележано местото на кое што била поставена првата новогодишна елка.

Дваесетина години подоцна, Француите почнале да купуваат елки на пазар и да ги носат дома, но не ги украсувале. Во почетокот на 17. век, во Германија било вообичаено новогодишните елки да се украсуваат со јаболка, а со тек на време, и остатокот на Европа ја усвоил оваа празнична традиција.

(Фото: Шатерсток)