МАРТИН ЏЕПАРОСКИ УТРЕ ЈА ОТВОРА СВОЈАТА ИЗЛОЖБА „ВРАМЕНА РАЗЛИЧНОСТ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Изложбата „Врамена различност“ на Мартин Џепароски ќе се отвори утре во 19 часот во Порта Македонија во Скопје.

Изложбата ги претставува истражувањата на авторот за различностите, но и за сличностите помеѓу луѓето и животните. Светот на човекот и светот на животните во визуелните претстави се толку различни: од реално до иреално, од генетски немодифицирано до генетски модифицирано, од здраво до нездраво и мутирано“, се вели во најавата на изложбата.

Џепароски е роден во 1991 во Скопје, а дипломирал вајарство и сценографија на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2015.