МАРТИН ЏЕПАРОСКИ ВО МКЦ ЈА ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА „ОТКРИВАЊЕ И РИТАМ“

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Вечерва (2 октомври) во 19:30 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата  „Откривање и ритам“ на Мартин Џепароски.

Изложбата е замислена како поетска видеоинсталација што се состои од две поврзани видеа, „Откривање“ и „Ритам“ и како просторна инсталација која преку визуелно прикажување и дијалог со просторот нуди уникатно сензорно доживување.

„Преку симболичка нарација, визуелна естетика и динамички ритам ги истражувам внатрешното будење, трагањето по сопствената суштина и ритамот на животот. Просторот е активно вклучен како дел од приказната, а видеото, звукот и инсталацијата се спојуваат во едно целосно искуство за публиката“, вели Џепароски.

Куратор на изложбата е Марија Коробар, музиката е на Горан Атанасовски-Роботек, а каталогот и визуелниот идентитет се дело на Василија Чали.