МИНУТА МОЛЧЕЊЕ, ПА СПЕКТАКУЛАРЕН ОГНОМЕТ НА ПРЕЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА ВО СИДНЕЈ

Сиднеј, (Гардијан)

Окленд ја пречека новата година со традиционален огномет во центарот на градот испукан од највисоката структура во Нов Зеланд, „Скај тауер“. Иако прославата беше проследена со дожд, за време на петминутниот огномет беа искористени 3.500 пиротехнички средства, лансирани од различни нивоа на 240 метри високата кула.

Огнометот во Окленд (Фото: Шатерсток)

Окленд е првиот голем град кој влезе во 2026, 18 часа пред славното паѓање на топката на Тајмс сквер во Њујорк.

Прославите во Сиднеј и низ Австралија се организираа под засилени безбедносни мерки по масовното пукање на плажата Бонди на 14 декември, кога беа убиени 15 луѓе. Пред големиот огномет на Сиднејскиот заливски мост се одржа минута молчење за жртвите на нападот.

Сиднеј (Фото: Гети)

За разлика од Сиднеј, пречекот во Хонгконг помина без огномети по катастрофалниот пожар во ноември, кога загинаа 161 лице.

(Фото: Гети)