НИКОЛА ЃУРИЧКО СО СТЕНДАП ШОУТО „ШОУБИЗ“ НА 30 МАРТ ВО МНТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српскиот актер Никола Ѓуричко ќе гостува во Македонскиот народен театар (МНТ) со стендап шоуто „Шоубиз“ на 30 март од 20 часот.

Ѓуричко беше член на Југословенското драмско позориште од 1995 до 2019, откога живее и работи во Лос Анџелес. Глумеше во хит-серијата „Чудни нешта“, „Светска војна З“ и во други меѓународни продукции.

„Речиси три години не настапував. Имам многу нов материјал. Тоа се само некои нови животни искуства и сознанија кои сакам да ги споделам со луѓето, како, на пример, зошто ме фаќаа за јаката, зошто морав да присуствувам на породување или зошто го пријавив син ми во полиција“, вели Ѓуричко за стендап шоуто.

Неговиот настап е дел од роденденската прослава на МНТ, кој лани одбележа 80 години постоење. Билетите се пуштени во продажба онлајн и на билетарницата во МНТ.