ЊУЈОРЧАНИ СВЕДОЧЕА НА МЕНХЕТНХЕНЏ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Голем број фоторепортери и граѓани синоќа се собраа на избрани локации во Њујорк, за да сведочат на феноменот наречен Менхетнхенџ.

Во 20.12 часот по локално време, сите источни и западни улици на градот беа спектакуларно осветлени од зајдисонцето, настан што се случува само двапати годишно, кога сонцето совршено се вклопува меѓу облакодерите.

Феноменот беше именуван од популарниот астрофизичар Нил Деграс Тајсон во 1996 година, инспириран од британски Стоунхенџ.

Слични феномени постојат и во други градови кои имаат високи згради и долги булевари, како Чикаго, Монтреал и Торонто. Неговата зимска верзија во Њујорк се случува во декември или јануари, но тогаш сонцето изгрева.

Следното вакво зајдисонце ќе биде на 12 јули.