Научници кои истражувале метеорит го откриле најстариот материјал досега познат на Земјата.
Се верува дека зрна прав пронајдени во вселенската карпа која паднала на Земјата во 1960-ите се стари околу 7,5 милијарди години. Најстарите од нив се формирале во ѕвезди кои постоеле многу пред да се роди нашиот Сончев систем.
Кога ѕвездите умираат, честичките формирани во нив се исфрлуваат во вселената. Овие „предсоларни“ зрна потоа влегуваат во состав на нови ѕвезди, планети, месечини и метеорити.
„Тие се цврсти примероци на ѕвезди, вистинска ѕвездена прашина“, вели Филип Хек, авторот на студијата.
Тим на истражувачи од САД и Швајцарија анализирале 40 предсоларни зрна содржани во дел од метеоритот Марчисон, кој падна во Австралија во 1969 година. За да откријат колку се стари, тие мереле колку долго зрната биле изложени на космички зраци во вселената. Било утврдено дека некои од зрната се најстари досега откриени, проценети на 7,5 милијарди години.
„Сигурен сум дека има и постари предсоларни минерали во Марчисон и други метеорити, но уште не сме ги откриле“, додаде Хек.