„ПАНИНИ“ ВЕЌЕ НЕМА ДА ГИ ПРАВИ АЛБУМИТЕ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПРВЕНСТВА

Рим, (ЕСПН)

„Топс“ ќе го замени „Панини“ како ексклузивен партнер на УЕФА и во иднина ќе ги прави албумите и за европските фудбалски првенства, беше објавено денеска. Деталите од договорот не се соопштени, но познато е дека „Топс“ ќе ги издава албумите за ЕП во 2024 и 2028 година.

Американската компанија веќе е официјалниот партнер на клупските натпреварувања на УЕФА, меѓу кои и Лигата на шампионите.

„Панини“ ги создаде албумите за сите светски првенства од 1970 и за сите европски првенства од 1977 година, при што изданието за ЕП 2020, во кое за првпат се појави и Македонија, му беше последно.