„Пелистерка“ им излегува во пресрет на граѓаните во услови на вонредна состојба и полициски час и од денеска, производите од нејзината палета можат да се нарачаат по телефон и се доставуваат на домашна адреса во најбрз можен рок. Каталогот со производите на компанијата можат да се најдат на профилите на „Пелистерка“ на Фејсбук и Инстаграм.
„Екипата на ‘Пелистерка‘ задолжена за дистрибуција е заштитена според највисоки препораки и стандарди. Апелираме повозрасните, но и сите останати, да ги искористат поволностите за достава за да се заштитите себеси, но и своите најблиски. Дозволете ние да се грижиме за набавка на вода и останати пијалаци, а Вие седете дома! Во овие моменти, дистрибуцијата е достапна само за Скопје и околината, но интензивно работиме на проширување на мрежата“, соопшти компанијата.