ВО МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА СЕ ОТВОРА ИЗЛОЖБАТА „ВОДА: ОД ИСКОНСКИ ВЕРУВАЊА ДО СОВРЕМЕН ПУЛС“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Денеска (18 мај) во 13 часот, во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, во Музејот на Македонија ќе се отвори изложбата „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“. Автор е Јован Шурбаноски, а коавтор Александра Папазовска.

„’Вода: Од исконски верувања до современ пулс’ е приказна која низ призмата на археологијата, етнологијата и уметноста ни овозможува да ги следиме патиштата каде што водата се преобразува од биолошка неопходност во духовен медиум. Приказна за тоа како водата го оформува идентитетот на заедниците низ историјата, градејќи занаети кои ја скротуваат природата, усовршувајќи го движењето низ спортот и трансформирајќи ја моќта на водата во политичка доминација“, велат од Музејот.

Изложабата се организира во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија и Музејот „Д-р Никола Незлобински“ од Струга.