Националното стручно жири го прогласи „пежо 308“ за Автомобил на годината во Македонија, признание што се додели по 28. пат. Ова е прва ваква награда за оваа француска компанија.
„Третата генерација на ‘пежо 308‘ прави значаен технолошки исчекор во класата. Уникатен според својот стил, со мултиенергетски можности и со две каросериски изведби, тој успева да ги сублимира класичните вредности од минатото, рационалноста на актуелната технологија и иднина со максимален респект кон природата“, стои во образложението на жирито.
Останатите шест финалисти за наградата беа „алфа ромео тонале“, „ситроен Ц5“, „киа спортиџ“, „опел астра“, „шкода фабија“ и „тојота бЗ4“.
Признанието СУВ на годината го доби „киа спортиџ“, додека за најдобар електричен автомобил е избран „фиат 500е“.