Младиот поп-пејач Дарко Гроздановски се враќа на музичката сцена по тригодишна пауза со синглот „Понеделнички“, чиј автор е Игор Џамбазов. За песната е снимен спот, зад кој стои продукцијата „Фреш унион“.
Во реализацијата на песната учествуваше Мите Димовски, кој го предводеше аудио-тимот. Огнен Шапковски е режисер на видеото, а моделот Моника Црнокрак ја игра главната женска улога. Во спотот се појавува и Игор Џамбазов.
Авторот на текстот и музиката, Игор Џамбазов, вели: „Сакам сите денови да се понеделници“.