„ДИОР“ ГО ПОБЕДИ „ШАНЕЛ“ ЗА СВАДБЕНИОТ ФУСТАН НА ТЕЈЛОР СВИФТ

Париз, (Ројтерс)

Во она што се смета за голема добивка за француската модна куќа „Кристијан Диор“, Тејлор Свифт и Тревис Келси носеа дизајни на нејзиниот креативен директор Џонатан Андерсон на нивната свадба во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, победувајќи во ривалството со „Шанел“.

Иако сè уште не се објавени фотографии од строго контролираната прослава, дизајнирањето на фустанот на Свифт е голема победа за 41-годишниот Андерсон, кој е желен да се докаже само една година по доаѓањето на престижната функција. Поп-ѕвездата има 273 милиони следбеници на Инстаграм и лојална глобална база на обожаватели, што му дава на „Диор“ ниво на видливост што малку маркетиншки кампањи би можеле да го постигнат.

„Оваа нарачка гарантира дека ‘Диор‘, а со тоа и Џонатан Андерсон, ќе бидат паметени во годините што доаѓаат во историјата на поп-културата“, рече Томаи Сердари, стратег за луксузни брендови и професор по маркетинг.

Диор“ објави дека свадбените изгледи на Свифт и Келси биле создадени во неговите ателјеа во Париз и дизајнирани од Андерсон во тесна соработка со двојката.

(Фото: АП)