Утре (19 јуни) од 20:30 часот, во Чифте амам, објект на Националната галерија, ќе биде претставаен проектот „Интер спем ет метум“ на уметницата Славица Јанешлиева, кој лани беше национален претставник на Венециското бианеле на уметноста.
„Низ повеќедимензионални медиумски платформи и материјали, како пердуви, лед-неонски натписи, проекции и огледала, Јанешлиева нѐ впушта во неколку концептуално-наратолошки матрици каде нѐ соочува со чувството да си странец и тоа оној кој е насекаде, во мене, во тебе, во нив, во нас. Поточно, таа нѐ соочува со прифаќањето или неприфаќањето на одвоените квалификативи од оние на мноштвото, без оглед дали различноста се базира на пол, сексуална определба, изглед, појава, однесување, болест, националност, религија, јазик, политичко убедување“, вели кураторката Ана Франговска.
Проектот ќе биде изложен до 31 јули.
(Фото: Р. Јанкулоски)