ПОЛСКАТА АМБАСАДА ОРГАНИЗИРА ШОПЕНОВА ВЕЧЕР НА 21 ЈУНИ ВО СКОПСКИОТ ГРАДСКИ ПАРК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 21 јуни од 18 часот, на Школка во Градски парк во Скопје ќе се одржи концерт посветен на Фредерик Шопен, што Амбасадата на Полска го организира во чест на свеченото завршување на полското претседателство со Европска Унија.

На настанот насловен „Концерт на Шопен“ ќе настапи македонскиот пијанист Иван Трајковски, со изведба на некои од најпознатите композиции на Шопен.