Селена Гомез во неделата вечер се појави прв пат по трансплатацијата на бубрег настапувајќи во живо на доделувањето на Американските музички награди во Лос Анџелес.

25 -годишната пејачка ја воодушеви публиката со емоционален настап на песната „Вулвс“ во соработка со Маршмеоу, кој ѝ се приклучи на сцената.

Познатата тинејџерска ѕвезда и хитмејкерка го искористи настанот за да го покаже новиот имиџ на блондинка.

Таа сподели и слика на инстаграм со коментар: „Сега сум русокоса“. Џастин Бибер за кој велат дека повторно ѝ е дечко откако таа раскина со Викенд, веднаш ја лајкнал сликата.

Бибер и Гомез беа во врска со неколку раскинувања од 2011 до 2015. Добро упатени извори во шоу бизнисот тврдат дека тие повторно се заедно. Гомез изјавила дека „секогаш чувствувала нешто кон него“.

Тинејџерската ѕвезда Селена Гомез во септември оваа година откри дека ѝ бил трансплатиран бубрег поради нејзиниот лупус.

Болеста лупус е нарушување на имунолошкиот систем што многу често предизвикува воспаление на кожата и болки во зглобовите. Во најлош случај може да се оштетат срцето и бубрезите.