Џастин Бибер е уште една музичка ѕвезда која ќе настапи на полувремето на финалето на Светското првенство во фудбал, кое ќе се игра на 19 јули во Њу Џерси. За првпат во историјата на мундијалите, ФИФА организира шоу во стилот на Супербоул.
Покрај Бибер, ќе настапат и Мадона, Шакира, јужнокорејската група „Би-Ти-Ес“, нигериската ѕвезда Бурна Бој, диригентот Густаво Дудамел, хорот „ПС22“ со членовите на групата „Колдплеј“, и популарните ликови од детската телевизиска серија „Улицата Сезам“.
„Светското првенство ги обединува луѓето на начин како што не може ниту еден друг настан“, рече Џастин Бибер.
Шоуто ќе трае 11 минути, а програмата ја осмисли фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин. Настанот ќе има и хуманитарен карактер, бидејќи ќе се собираат средства за Фондот за глобално образование на ФИФА, кој има цел да обезбеди 100 милиони долари за образование на деца ширум светот.
(Фото: Гети)