РАДИО БУБАМАРА И ЛАНИ БИЛА НАЈСЛУШАНАТА СКОПСКА РАДИОСТАНИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Радио Бубамара е најслушаната скопска радиостаница за 2022 година, покажа годишниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Во него стои дека во сите квартали од минатата година Радио Бубамара бележи значителна предност пред второрангираната радиостаница и во поглед на дневната слушаност и како радио на постојан избор.

„Со тоа, Бубамара го зацврстува статусот на најслушано регионално радио, што успева да го задржи во сите квартални истражувања и извештаи на АВМУ од 2018 наваму. Наспроти големите промени што последниве десетина година се случуваат на медиумскиот пазар, радиото останува најконсумираниот медиум, утврди УНЕСКО“, велат од Радио Бубамара, додавајќи дневно имаат преку 50.000 слушатели.

(Фото: Фејсбук)