ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА УНИШТИ РИМСКИ ЗАМОК СТАР 2.000 ГОДИНИ

Анкара, (Би-Би-Си)

Катастрофалниот земјотрес што вчера ги погоди Турција и Сирија речиси целосно уништи и 2.000 години стар замок изграден за време на Римското Царство. Снимките од Газијантеп покажуваат сериозни оштетувања на древниот замок сместен на врвот на рид во центарот на градот.

Граден од Римјаните во вториот и третиот век, замокот Газијантеп сега служел како музеј.

Замокот Газијантеп беше претворен во музеј

Повеќето негови ѕидови сега се разурнати и паднати на улицата под него. Турската новинска агенција „Анадолија“ објави дека се уништени јужни, југосточни и источни делови од замокот.

Замокот бил зајакнат и проширен од византискиот цар Јустинијан Први во шестиот век, а дополнителни промени претрпел во следните векови. Важеше за една од најдобро зачуваните цитадели во Турција.

(Фото: Гети)