РАЗГОВОР СО ПИСАТЕЛКАТА ОЛИВЕРА ЌОРВЕЗИРОСКА ВО СКОПСКАТА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДНОВЦИ“ НА 3 СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 3 септември од 19 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговор со писателката Оливера Ќорвезироска како дел од четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Разговорот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“, ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Во четвртиот циклус се предвидени осум автори и дела. Книгата за септември е „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска (издание на „Арс Ламина“), добитничка на Рациновото признание за 2025. Ова е нејзин трет роман за возрасни, по „Заклученото тело на Лу“ и „Аб’т“.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“ започна во септември 2022 и досега беа претставени 24 автори и исто толку дела.