РЕДОК ЕЛЕН СО ТРИ РОГА СНИМЕН ВО САД

Њујорк, (Би-Би-Си)

Фотограф од Мичиген сними уникатен елен со три рога и ги сподели фотографиите на Фејсбук. Експертите велат дека ваков примерок се среќава еднаш во милион.

„Тој не беше сам, туку со својата девојка. Еленот имаше три рога на главата, кои се разгрануваа во девет, можеби 12 делови“, изјави Стив Линдберг.

Седумдесет и петгодишниот Линдберг порано бил ловец, но вели дека последниве години повеќе сака да фаќа животни со камера.

„Ова е ‘еден во милион‘ откритие“, вели ветеринарот за големи животни Стив Едвардс.

Тој додава дека може да има повеќе причини зошто на еленот му израснале три рога.

„Ова можело да се развие уште додека еленот бил ембрион или ако роговите се прекршиле додека растеле, што довело до тоа еден да се раздвои“, смета Едвардс.

Линдберг го начекал еленот на истата локација и кога се вратил подоцна истиот ден, а потоа веќе не го видел.

„Веројатно отишол некаде каде што е позелено“, кажа Линдберг