Научниците кажаа дека решиле еволуциуска мистерија поврзана со 500 милиони години старо микроскопско суштество, кое имало уста, но не и анус. Фосилот е откриен во 2017 и во прв момент се сметаше дека морското суштество наречено Saccorhytus coronarius би можело да биде најраниот познат предок на човекот.
Животното било сместено во групата деутеростоми, примитивни предци на ‘рбетниците, вклучувајќи ги и луѓето.
Тим на кинески и британски истражувачи направи многу детаљна рендгенска анализа на суштеството и дојде до заклучок дека припаѓа на сосема друга група, односно на предците на пајаци и инсекти.
„Главната причина за оваа еволуциска конфузија беше недостигот на анусот. Речиси сите предци на пајаци и инсекти имале анус, зошто немал и овој? Дури и постарите предци на оваа цела група имале анус, а Saccorhytus еволуирал после нив. Можеби се изгубил во текот на сопствената еволуција, можеби немал потреба од него зашто седел во една точка и еден отвор му бил доволен“, вели Емили Карлајл, која го проучуваше древното суштество со големина од еден милиметар.
Таа верува дека Saccorhytus живееле во талози во океаните, држејќи се со шилците за едно место.
„Карпите што содржат вакви камбриски фосили сè уште се проучуваат. Имаме уште многу да научиме за нивната околина“, вели Карлајл.