Ретко бело гризли е снимено во канадските Карпести Планини.

Кара Кларксон се возела во автомобил со семејството кога покрај автопатот што поминува низ националниот парк Банф забележала две мечиња како се играат, од кои едно било бело.

„Тоа беше луксузна глетка и неверојатно искуство за нас кои поминувавме оттука“, изјави Кларксон.

Бојата на овие мечки вообичаено варира од темно кафеава до сина. Експертите сметаат дека белата боја на мечето е резултат на рецесивен ген, а не на албинизам. Исто така, тие велат дека не станува збор за Кермодова мечка, која се карактеризира со бело крзно, бидејќи таа е подвид на црна мечка, а не на гризли.

„Ова несомнено е уникатно животно. Првпат слушнавме за бело гризли во 2017 година, но никогаш не сум го видела во живо“, вели Сет Чери, експерт за диви животни од Канадски паркови.