РОЗЕТА ДУЛЕВСКА ЈА ПРОМОВИРАШЕ ПОЕТСКАТА ЗБИРКА „ДАЛГИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Розета Дулевска, која предава во основно училиште, ја промовираше поетската збирка „Далги“.

„Поезијата во книгата повикува на добрина, почит, правда и љубов, кои ни се повеќе од потребни“, вели Дулевска.

Лани, наставничките Розета Дулевска и Анета Ѓорѓиевска од основното училиште „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров ентузијастички ја реиздадоа книгата „Дневникот на Страшо“, која првпат излезе во 1976. Книгата ја напишал самиот народен херој, а Дулевска и Ангеловска ја реиздале со оригинални фотографии од Страшо Пинџур, кои им ги позајмила неговата тетка Магдалена Петреска.