СНИМИВ ПЕСНА НА РЕЗБАНА ГИТАРА ЗА СПОМЕН НА АНГЕЛИТЕ ОД КОЧАНИ, ВЕЛИ ПЕТАР РЕНЏОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Музичарот Петар Ренџов сними песна која е посветена на трагично загинатите млади во пожарот во Кочани на 16 март лани. Ренџов вели дека „Тагата на Тамјаника“ има симболичен наслов.

„Песната со месеци тлееше, сама се јави едно јануарско утро. Темата е отсвирена на гитарата ‘Темјаника’, резбана со македонска резба од Љубо Бисин, копаничар од Велес. Затоа насловот ‘Тагата на Темјаника’ има преносна смисла, за гитарата во прегратките која го допира моето срце и искажува сочувство и тага кон најблиските на ангелите од Кочани“ , ни рече музичарот

Во опсиот на видеото пишува дека „композицијата е изведена во црквата Св.Јован Крстител во Ново Лисиче во Скопје на 11 март годинава, во спомен на ангелите од Кочани“.

Бендот на Ренџов, „Тумбао салса бенд“ одржа концерт на 31 октомври лани во Националната опера и балет како прослава на 20 години од основањето на групата. Тие го имаа последниот поголем концерт во Скопје во 2015. Тоа беше и последниот концерт во Универзална сала пред да се затвори.
Гости на концертот беа бидат Ивана Стојановска, Биљана Ѓошева, Ристо Самарџиев и Мики Јовановски-Џафер.
М. ЏАРОВСКА