СО ПРЕТСТАВАТА „ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ”, ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР ГОСТУВАШЕ НА МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ЛЕТО ВО АЛБАНИЈА

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Со хит-претставата „Вечера за глупаци“, Велешкиот театар настапи во Поградец, Албанија, на 20. издание на фестивалот Македонско културно лето. Претставата е во режија на Ненад Витанов, а играат Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева.

Претставата се одигра на отворено во центарот на Поградец. Веднаш потоа настапија велешките музичари Орхидеја Дукова и Сашко Костов. Во рамките на фестивалот се изведе и претставата „Снежана и седумте џуџиња“ на Битолскиот театар, а концерт имаше Драган Даутовски.

П. ПЕЧКОВ