ТЕКСТОВИТЕ НА ПЕСНИТЕ СТАНАЛЕ ПОЕДНОСТАВНИ И ПОПОВТОРУВАЧКИ, ПОКАЖА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

Лондон, (Гардијан)

Текстовите на песните станале поедноставни и поповторувачки, покажа ново истражување. Тоа исто така откри дека стиховите станале погневни и повеќе самоопседнати во последните 40 години.

Тим на европски истражувачи ги анализирал стиховите на повеќе од 12.000 рап, кантри, поп, рок и аренби песни на англиски јазик објавени од 1980 до 2022 година.

Ева Цангерле од Универзитетот во Инзбрук, која е авторка на студијата, не сакаше да издвои конкретни пејачи кои имаат едноставни текстови, но нагласи дека стиховите би требало да бидат „огледало на општеството“.

Она на што сведочиме во последните 40 години е драстична промена во музичкиот пејзаж, од начинот на создавање до начинот на продажба на музиката“, вели Цангерле.

Истражувачите ги разгледале емоциите изразени во стиховите, колку различни и сложени зборови биле употребени и колку често се повторувале.

Во сите жанрови имало тенденција стиховите да станат поедноставни и поповторувачки“, кажа Цангерле.

Резултатите ги потврдија претходните истражувања кои покажаа намалување на позитивни, радосни стихови со тек на времето и пораст на оние кои изразуваат гнев, одвратност или тага. Текстовите исто така станаа многу повеќе самоопседнати, со често нагласување на зборовите како „јас“ и „мое“.

Сето ова е најизразено во рап музиката“, кажа Цангерле.

(Фото: Гети)