НОВ АЛБУМ НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ СО 12 ПЕСНИ ОД ПОЗНАТИ АВТОРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Здравко Чолиќ го најави својот 16. студиски албум „Мечтам и простувам“ (Маштам и праштам), кој е достапен во претпродажба, а официјално ќе биде објавен на 30 септември, во издание на „Кроација рекордс“.

На албумот се наоѓаат 12 песни, а меѓу авторите се Вјекослава и Тончи Хуљиќ, Дино Мерлин, Здравко Чолиќ и Златан Фазлиќ-Фазла. Продуценти се Никша Братош, Махир Сарихоџиќ, Бејби Дукс, Марко Луис и Тончи Хуљиќ.

„Мечтам и простувам“ доаѓа по концертно активно лето за Чолиќ. На 1 август одржа голем концерт на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Концертот траеше речиси три часа, а на репертоарот беа повеќе од 40 песни од неговата долгогодишна кариера.

Претходно, во јуни 2025, Чолиќ одржа три концерти во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Тоа беа неговите први настапи во Македонија со симфониски оркестар.