Сузана Спасовска ја доби наградата за трајни музички вредности на „Златна бубамара на популарноста“.
„Ја посветувам наградата на сите вас и на сите оние кои се иселија од Македонија. Но, знам дека ќе се вратат од носталгијата за родната земја”, рече фолк легендата.
Сашко Коцев на својот стендап настап традиционално доби најголем аплауз. Повеќе за шоуто читајте утре на smart.sdk.mk. М.ЏАРОВСКА