УШТЕ ЧЕТИРИ ЖРТВИ НА КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА, ВО СВЕТОТ ИМА НАД МИЛИОН ОЗДРАВЕНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Втор ден по ред, во Македонија има четири починати од КОВИД-19, додека бројката оздравени продолжи да се зголемува.

  • Од последиците на коронавирусот починале три лица од Прилеп на возраст од 55, 69 и 87 години, како и 62-годишен жител на селото Зрновци (Кочанско).
  • Вкупната бројка починати сега изнесува 81.
  • Потврдени се и 29 нови случаи на коронавирус (11 во Скопје, шест во Велес, четири во Куманово, по три во Кочани и Прилеп и два во Тетово).
  • Во Македонија досега се регистрирани 1.494 заразени.
  • Од нив, 807 оздравеле, 69 повеќе во однос на вчера.
  • Неносење заштитна маска од денеска се казнува со 20 евра.
  • Таа мора да се носи во сите јавни објекти, како државни институции, супермаркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, здравствени институции и слично.
  • На светско ниво досега има над 3,3 милиони заразени, додека бројката оздравени надмина еден милион. Од КОВИД-19 починале 235.000 луѓе.