Два концерта ќе има денеска и утре (18 и 19 јули) на Велешко културно летo.
Вечерва на плоштадот Којник од 20 часот настап ќе има „Велешка чалгија“ со стари велешки песни.
За утревечер од 21 часот е најавен концертот на „Иван Иванов квартет“, што го сочинуваат Иван Иванов (фото) на саксофон, Гордан Спасовски на пијано, Кирил Туфекчиевски на контрабас и Виктор Филиповски на тапани. Тој ќе се одржи на платото пред Спомен-костурницата.
И двата настана се бесплатни.