Актерот од Велешкиот театар Исидор Јовановски ја доби наградата за најдобра машка улога на 12. издание на меѓународниот театарски фестивал „Театар во тврдината“ во Смедерево, Србија. Тој е награден за улогата на Тригорин во претставата „Галеб“, во режија на Александар Ивановски.
На фестивалот настапија театри од Унгарија, Бугарија, Хрватска, Грција, Србија и Македонија. За фестивалските награди одлучуваше стручното жири Исидора Миниќ – драмска уметница, Зоран Максимовиќ – театролог и Горан Ибрајтер – писател и извршен директор на „Стеријино позорје“ од Нови Сад. За најдобра претстава е избрана „Духот е наша татковина“ на Сpпскиот театар од Унгарија, работена по текст на Данило Киш.
П. ПЕЧКОВ