ВИЕНА ГО ЗАДРЖА СТАТУСОТ НА НАЈДОБАР ГРАД ЗА ЖИВЕЕЊЕ НА СВЕТОТ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Виена повторно се најде на првото место на листата градови најдобри за живеење, што на годишно ниво ја составува Economist Intelligence Unit (ЕИУ). Притоа биле оценети 173 градови ширум светот според фактори како здравство, образование, стабилност, инфраструктура и животна средина.

Виена го задржа првото место благодарејќи на нејзините доверлива инфраструктура, истакнати култура и забава, исклучително образование и здравствени услуги.

Копенхаген, кој го има освоено првото место повеќепати во изминатите години, остана втор.

Укинувањето на ковид рестрикциите придонесе за подобрување на животните услови на глобално ниво во 2023“, изјави Упасана Дат од ЕИУ.

Во првите десет градови се и Мелбурн (Австралија), Сиднеј (Австралија), Ванкувер (Канада), Цирих (Швајцарија), Калгари (Канада), Женева (Швајцарија), Торонто (Канада) и Oсака (Јапонија). Алжир, Триполи и Дамаск се рангирани најдолу на листата.