Научниците ги открија најстарите остатоци од крокодилски јајца во Австралија кои можеби припаѓале на исчезнат вид крокодили кои се качувале на дрво за да ловат плен. Лушпите од јајца стари 55 милиони години се пронајдени во дворот на еден сточар во Квинсленд.
Лушпите припаѓале на одамна исчезната група крокодили познати како мекосухини, кои живееле во слатките води во периодот кога Австралија била дел од Антарктик и Јужна Америка.
Коавторот на научниот труд за овие крокодили Мајкл Арчер вели дека идејата за вакви крокодили е доста бизарна, но некои од нив веројатно ловеле како леопарди, скокајќи од дрво врз својот плен.
„Крокодилите мекосухини, кои можеле да пораснат до околу пет метри, биле многубројни пред 55 милиони години, долго пред нивните современи братучеди да пристигнат во Австралија пред околу 3,8 милиони години“, кажа палеонтологот Арчер.
Лушпите биле откриени пред неколку децении, но дури неодамна биле анализирани со помош на шпански научници.