ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР ПОЧНАА ПРОБИТЕ ЗА НОВАТА ПРЕТСТАВА „КУРШУМИ НАД БРОДВЕЈ“ НА НЕНАД ВИТАНОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во скопскиот Драмски театар се одржа првата проба на претставата „Куршуми над Бродвеј“, чија премиера ќе биде во втората половина на октомври.

Ова е второ гостување на режисерот Ненад Витанов во Драмски театар. Тој на првата проба рече дека „Куршуми над Бродвеј е негова драматуршка обработка и адаптација на познатиот истоимен филм, напишан од Вуди Ален и Даглас Мекграт. Филмот беше номиниран за седум оскари, меѓу кои и за најдобро сценарио.

Во претставата, главен лик е Давид, млад драмски писател кој очајно се обидува да најде театар кој ќе ја продуцира неговата најнова драма.

Витанов е режисер и драматург и ја направи адаптацијата на претставата, костимите се на Елена Вангеловска, сценограф е Филип Витанов, а кореографка Маја Каревски. Играат Игор Стојчевски, Сашо Тасевски, Јелена Жугиќ, Александар Степанулески, Јована Спасиќ, Александра Павлова-Бубања, Предраг Павловски, Калина Наумовска, Роберт Вељановски, Златко Митревски, Ања Митиќ, Дениз Абдула и двајца студенти по актерска игра.