Вечерва (13 ноември) во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје (МСУ) ќе се отвори интернационалната групна изложба „Истокот е сè уште можен“, која е резултат на продолжената соработка со Модерна галерија и Музејот на современа уметност Метелкова од Љубљана.
На изложбата се застапени повеќе од 50 автори, меѓу кои Марина Абрамовиќ, Јозеф Бојс, Лајбах, Гета Братеску, Христина Иваноска, Ахмет Огут, Недко Солаков, ОПА, Ирена Паскали, Раша Тодосијевиќ, Младен Стилиновиќ, Душан Перчинков и други уметници кои го обликувале современиот источноевропски културен пејзаж.
„Кураторите Бојана Пишкур, Мартина Вовк, Ивана Васева, Благоја Варошанец, Ива Димовски и Владимир Јанчевски го градат концептот врз идејата дека уметноста од истокот не е маргина, туку епистемиолошка алатка што го преиспитува светот по војните, транзициите и падот на идеологиите“, се вели во најавата на изложбата.
(Фото: принтскрин од видео)