Скопската зоолошка градина го претстави својот нов жител – бебе на двогрба камила. Се роди на 3 април и во прв период беше во карантин со мајка му. Од зоолошката објавија дека бебето е добро и дека сега ужива во пролетните сончеви денови.
Ова е второ бебе на „скопските“ камили Карло и Мираи.