Денеска и утре (30 и 31 октомври) во Велес се одржува вториот фестивал на сатирата „Џинот“. Освен од Македонија, учествуваат и сатиричари од Србија и БиХ. Организатор е Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, а настаните ќе се одржуваат во Велешката библиотека и Ликовниот салон.
Од содржините, ќе има промоција на книга на афоризми и издание за афоризми и ќе се читаат афоризми од Јордан Хаџи Константинов-Џинот, кој се смета за прв сатиричар во Македонија.
Утре ќе се доделат наградите од распишаниот конкурс за афоризми.
П. ПЕЧКОВ