ЗА ТРИ ЧАСА СЕ РАСПРОДАВААТ КОНЦЕРТИТЕ ЗА БЕБИЊА ВО БЕЛГРАДСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА КОЈА Е ПРЕТВОРЕНА ВО ИГРОТЕКА

Белград, (ДАНАС)

Осумнаесет концерти за бебиња се одржаа во Белградската филхармонија оваа година. За најмладата публика до две години, оркестарот свири популарни валцери заедно со младиот диригент Вук Волков-Поповиќ.

Во славеничката сезона по повод стогодишнината од постоењето на оркестарот, Белградската филхармонија подготви нов репертоар за најмладата публика. Во музичката игротека, во која е претворена салата на Филхармонијата, бебињата и нивните родители можат да си играат додека слушаат валцери. Шест сезони по ред концертите за бебиња се најпопуларната програма на Белградската филхармонија, а билетите секогаш брзо се продаваат.

Во игротеката, во која е претворена салата на Филхармонијата, бебињата и нивните родители можат да си играат додека слушаат валцери (Фото: Фејсбук)

Декемврискиот циклус концерти беше целосно распродаден за помалку од три часа, а веќе се распродадени и јануарските концерти. Филхармонијата најавува нови дружења со бебињата во февруари и во март.

Покрај тоа што ги запознаваат децата со светот на класичната музика од нивните први денови, оркестарот им дава шанса на диригентите од помладата генерација да стекнат искуство со работа во оркестар.