Музичарот Васко Атанасоски денеска (19 ноември) од 20 часот во „Котур“ во Скопје ќе ја промовира книгата „Иста песна пеам!!!“, збирка песни создадени во текот на три децении од неговото музичко творештво.
Книгата ги обединува стиховите што Атанасоски ги напишал како член на бендовите „Бумбикс“, „Бернајс пропаганда“, „Хахаха“, „ФПО“, „Мај тир“, „21 век“ и други, како и од неговото самостојно творештво.
Промоцијата ќе биде проследена со музичка селекција на Марсо, а организатори на настанот се „Мртов коњ“ и „АШ“.