ПЕЈАЧКАТА КЕЛИ КЛАРКСОН ДРАСТИЧНО ОСЛАБНАЛА СО ПОМОШ НА КНИГА

Лос Анџелес, (Фокс)

Американската пејачка Кели Кларксон покажа драстична промена во својата фигура кога го придружуваше Сајмон Кауел на отворањето на неговата ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд.

Во јуни, победничката на првото издание на „Американски идол“ откри дека страда од автоимуна болест и од проблеми со тироидната жлезда, поради што ѝ било тешко да ослабне. Сега, како што вели, успеала да најде начин да се справи со прекумерната тежина, но тоа не се должи на вежбање.

Место тоа, таа си го променила животот благодарение на книга, и тоа „Парадоксот на растенијата“ од Стивен Гандри.

„Едноставно, ја прочитав книгата и го правев сето она што пишува во неа за моите здравствени проблеми и успеав да постигнам рамнотежа. Поради книгата, веќе не сум на лекови“, вели 36-годишната Кларксон.

Следејќи ги методите од книгата, таа вели дека успеала да симне речиси 20 килограми.

„Книгата го става акцентот врз органска исхрана, без ГМО и пестициди. Воопшто не вежбам и немам намера да спортувам“, додава таа.