СНУП ДОГ И КЕЛИ КЛАРКСОН ЌЕ ЈА ВОДАТ АМЕРИКАНСКАТА ВЕРЗИЈА НА ЕВРОВИЗИЈА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Раперот Снуп Дог и пејачката Кели Кларксон ќе го водат Натпреварувањето за песна на Америка, обликувано според Евровизија, на кое ќе учествуваат музичари од сите американски сојузни држави.

„Отсекогаш сум била фан на концептот на Евровизија и возбудена сум што овој музички феномен доаѓа во Америка“, изјави Кларксон, која победи на првото издание на „Американски идол“ во 2002.

На американската Евровизија ќе настапат 56 пејачи, дуети и групи, односно по еден претставник на сите 50 сојузни држави, главниот град Вашингтон и пет американски територии, кои ќе се борат за најдобрата нова оригинална песна во земјата.

Осумнеделното шоу ќе има премиера на 21 март на Ен-Би-Си, а големото финале е закажано за 9 мај.