Осумнаесетгодишниот син на Розана Бакли од Њу Џерси отсекогаш бил мирно дете и одличен ученик. Но, во неговата последна година во средно училиште, расположението му се сменило.
„Правеше работи кои не личеа на него или без претходно да ни најави. Еднаш дозволи пријател да му го дупне увото и одеднаш стана погруб и подрзок кон мене“, вели Бакли (49).
Таа го научила жаргонот на социјалните мрежи за овој ненадеен пркос, што се нарекува „излетување од гнездото“ и мисли дека тоа се случува со него.
„Ми рече дека може да прави што сака затоа што има 18 години. Тој беше сосема поинакво дете“, кажаа Бакли.
Оваа фаза се случува кога тинејџерите почнуваат да бидат потешки дома, додека прават премин и се подготвуваат да одат на факултет, рече клиничкиот психолог Реџин Галанти од Њујорк, автор на книгата „Олеснување на анксиозноста кај тинејџерите“.
„Вакво однесување може да се појави на различни начини. Може да се случи тинејџерите да се степаат со родителите, да разговараат со повисок тон и генерално да предизвикаат стрес во нивните односи со родителите“, рече Галанти.
И тоа е сосема нормална фаза на растење. Хуморот може да биде корисна алатка за родителите сè додека се користи позитивно, а не на сметка на детето, велат експертите. Дури и ако вашите деца превртуваат со очите, продолжете да се шегувате.
„Ова особено се случува кај тинејџерите кои завршуваат средно училиште. Тоа може да биде тешко, па некои деца можат да се оттргнат од семејството. Создавањето на овој простор меѓу нив и родителите го олеснува преминот кон оваа нова фаза на независност за некои тинејџери“, рече Галанти.
Психологот Лиза Дамур ги советува родителите да не сфаќаат лично ако нивниот тинејџер го смени однесувањето.
„Верувајте дека тоа ќе биде едно поглавје во долгата книга за воспитување и осамостојување на тоа дете“, рече Дамур.
(Фото: Гети)