Јадењето јаболка, брокула, краставици, банани и боранија е корисно за луѓето со висок крвен притисок изложени на ризик од срцеви и бубрежни заболувања, вели ново истражување. Оние луѓе кои јадат повеќе овошје и зеленчук помалку одат на лекар.
„Двата големи проблема за пациентите со висок крвен притисок се болестите на срцето и бубрезите. Студијата тестираше дали (не)намалувањето на количината на киселина во нашата исхрана ги намалува компликациите поврзани со бубрежните и срцевите заболувања. Производите од животинско потекло, особено месото, имаат тенденција да произведуваат киселина, а овошјето и зеленчукот не“, рече водачот на истражувањето Доналд Весон, професор на одделот за интерна медицина на Универзитетот во Остин, Тексас.
Тој и неговиот тим спровеле испитување на 153 луѓе со хипертензија и висок ризик од влошување на хронична бубрежна болест. Учесниците беа поделени во три групи: една додаде 2 до 4 чаши овошје и зеленчук во нивната исхрана, една додаде две дневни дози сода бикарбона и една продолжи со стандардната медицинска терапија. Сода бикарбона ја намалува киселината, се вели во студијата.
„Нашиот заклучок беше дека исхраната богата со овошје и зеленчук треба да биде основен дел од нашето управување со пациенти кои имаат висок крвен притисок или хипертензија“, рече Весон.
Пред неколку години, неговиот лабораториски тим покажал дека исхраната која произведува киселина е штетна за бубрезите на животните и дека исхраната што произведува бази е здрава за бубрезите. Подоцнежните истражувања откриле слични резултати и кај луѓето.
„Дури и ако немате висок крвен притисок, колку повеќе јадете овошје и зеленчук, толку подобро“, рече Весон.
Американското здружение за срце препорачува четири до пет порции овошје и зеленчук дневно.
(Фото: Гети)