НАВРЕМЕ ОТКРИЕНА АРИТМИЈА МОЖЕ ДА ВИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

Кај еден од пет случаи на мозочен удар луѓето претходно имале атријална фибрилација или еден вид аритмија (неправилен срцев ритам), а кај три од четири случаи на мозочен удар луѓето претходно имале висок крвен притисок. Редовното следење на аритмиите според лекарите е многу важно за да се избегне ризикот од посериозно нарушување на здравјето на луѓето, а во некои случаи и да се избегне смрт од ненадеен срцев удар.

Аритмијата е проблем со фрекфенцијата на срцевиот ритам, односно тоа е состојба во која срцето чука премногу брзо, премногу бавно или со нерегуларен ритам. Кога срцето не чука правилно белите дробови, мозокот и останатите органи не можат да работат правилно и може да се оштетат или да престанат да работат. Во повеќето случаи аритмијата е безопасна и настанува кај здрави луѓе кои немаат срцеви заболувања. Но, некои абнормални срцеви ритми може да бидат многу опасни и да предизвикаат ненадејна смрт од срцев удар. Ако лицето има други болести на срцето, тоа може да го зголеми ризикот да добие аритмии.

Скоро секој човек почувствувал дека срцето му чука брзо, треперење во градите или дека срцето прескокнува отчукување. Ова можат да бидат знаци на аритмија, или нерегуларен срцев ритам. Посериозни симптоми се: замор, вртоглавица, губење свест или чувство дека ќе се онесвестат, брзо чукање на срцето или удар, недостаток на здив, болка во градите, а во екстремни случаи и срцев удар. Некои аритмии немаат поврзани симптоми.

Аритмиите се делат на:
-предвермени вентрикуларни контракции (ПВЦс), се најчести аритмии. Тие се манифестираат со „прескокнување на чукањето на срцето“, односно луѓето така ги чувтсвуваат.
-чукање на срцето кое е премногу бавно се нарекува брадикардија
-чукање на срцето кое е премногу брзо се нарекува тахикардија

Други нарушувања на ритамот на срцето се: атријален флатер, синусна аритмија, и други.

Компанијата UniComs лансираше монитор за следење на крвниот притисок – Sendo Advance 3, кој во себе има вградено HIRA технологија или анализатор на нерегуларно работење на срце. Оваа технологија ги открива и анализира нерегуларните срцеви ритми. Еднаш обработениот податок се чува во меморијата на апаратот. Откако ќе се соберат податоци од најмалку седум читања HIRA ќе го оценува секое наредно отчитување, ќе ја процени стапката на нерегуларност според едно од четирите предодредени нивоа и според тоа ќе даде порака со совет на дисплејот.

Оваа технологија покажува четири фази на состојбата во зависност од степенот на нерегуларен срцев ритам:
-нулта ниво е кога нема индикации
-прво ниво е означено со низок ризик, кога има повремени нерегуларности во работа на срцето и советот е срцевиот ритам постојано да се проверува
-второ ниво кога ризикот е висок и се препорачува консултација со лекар
-трето ниво или опасно ниво, кога се препорачува итна посета на доктор

Повеќе информации за апаратот за мерење притисок Sendo има на страната sendo.info.