КАКО ДА ВЕЖБАТЕ БЕЗ ДА ЈА РАСИПЕТЕ СВОЈАТА ФРИЗУРА

Лондон, (Инстајл)

Задржувањето на убавиот изглед на косата додека се трудиме да одржиме топ-физичка форма може да претставува посебен предизвик. Еве неколку совети како да избегнете потта да го наруши вашиот изглед после интензивно вежбање.

Одбегнете вдлабнатини на репчињата

Сигурно би се решиле при вежбање да ја тргнете косата од вратот, за да не се лепи на потта. Меѓутоа, бидете внимателни кој тип на стегач користите. Најсоодветни се пластичните стегачи во вид на спирала, затоа што ја држат косата без да апсорбираат пот и не предизвикуваат главоболки или оставаат чудни траги. За да спречите оштетување на косата, менувајте ја точката каде ја собирате косата: еднаш ниско, потоа високо опавче, па плетенка. На тој начин нема да се нагласува истиот дел од косата.

Завиткајте ја косата во топчиња

Нанесете некоја омекнувачка течност, потоа завиткувајте парчиња коса на секој сантиметар и на крај, фатете ги со мали шноли. Кога ќе ја пуштите косата по вежбањето, ќе имате свеж изглед на бранеста коса со волумен.

Одберете стегач за глава, место капа

Носете стегач за глава што ја впива потта. Нивната еластичност ја задржува главата свежа и сува. Од друга страна, одбегнувајте ги бејзбол капите, кои, иако можеби ја држат косата далеку од лицето, создаваат топлина, предизвикувајќи уште повеќе пот.

Прифатете ја потта

Натриумот во потта е природниот спреј на морска сол. По вежбањето, пуштете ја косата и со прстите проширете ја влагата низ целата коса.

Компензирајте за тушот

Ако брзате по тренингот и немате време да ја измиете и исушите косата, пуштете ја и исушете ги со крпа или со фен задниот дел на вратот, околу ушите и лицето. Исто така, може да користите памук за отстранување на шминката, кој е практичен за носење со себе и успешно ја впива потта од главата.