„Ѓаволски здив е името на новиот сладолед на слаткарница во Глазгов токму затоа што содржи силни и лути зачини.

Главната состојка на сладоледот, кој беше создаден за денот на Свети Валентин, е пиперката Каролина Рипер, која беше прогласена за најлута пиперка од Гинисовата книга на рекорди. Таа има највисоко ниво на капсецин, супстанцата која предизвикува сензационална горештина кога доаѓа во контакт со јазикот или кожата и е 500 пати полута од табаско.

Овој нов сладолед е толку силен, што клиентите кои посакуваат да го пробаат треба да потпишат формална согласност, во која се вели дека „консумирањето на сладоледот може да доведе до лична повреда, болест или можна загуба на животот.

Мартин Бондони, сопственик на слаткарницата „Алдвих“, вели дека персоналот на слаткарницата носи заштитни ракавици при послужување на сладоледот, бидејќи чили пиперките можат да ја оштетат кожата.