СЛАДОЛЕД СО ЖЕСТОК АЛКОХОЛ СЕГА Е ЛЕГАЛЕН ВО ЊУЈОРК

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Сладолед засилен со виски или вотка отсега може легално да се произведува и купува во Њујорк. Мерката беше одобрена од гувернерот Ендрју Куомо и јачината на алкохолот во сладоледот не смее да биде поголема од 5%, но ова секако ќе им овозможи на производителите да развијат нови, иновативни продукти.

„Оваа мерка има за цел да им помогне на млечната и алкохолната индустрија и на рестораните да ги задоволат зголемените барања на потрошувачите за алкохолен сладолед“, соопшти канцеларијата на Куомо.

Сладолед со пиво, вино и сајдер веќе беше легален во Њујорк од 2018 година, а сега понудата ја збогатуваат и оние кои содржат жесток алкохол. Сепак, ваков сладолед нема да смеат да го купуваат лицата под 21 година.