АКТЕРИТЕ РАЈАН РЕЈНОЛДС И БЛЕЈК ЛАЈВЛИ ГО ДОБИЈА ЧЕТВРТОТО ДЕТЕ

Лос Анџелес, (Пипл)

Една од омилените холивудски двојки Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли сега и официјално е шестчлено семејство. Тие ја потврдија веста за раѓањето на четвртото дете на суптилен начин, при што не споделија фотографија од новороденчето, туку од Лајвли без трудничкото стомаче.

Триесет и петгодишната актерка во септември објави дека е бремена по четврти пат.

Рејнолдс и Лајвли ја почнаа врската по снимањето на филмот „Грин Лантерн“ и се венчаа во септември 2012. Во меѓувреме добија и три ќерки, кои сега имаат седум, пет и две години. Тие не ги објавија името и полот на најновиот член на семејството.

(Фото: Гети)